Home » Буџет за развој или само предизборна стратегија

Буџет за развој или само предизборна стратегија

by Журнал.мк

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година го одразува длабокиот јаз меѓу власта и опозицијата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Власта го нарекува буџетот развоен, нагласувајќи дека економскиот раст следната година ќе ја надмине проекцијата од 3,7% и ќе достигне над 4%. Оптимизмот се темели на веќе започнати проекти и планираната консолидација. Претставниците на мнозинството тврдат дека сите предвидени активности за 2025 ќе бидат реализирани, со што државата ќе влезе во фаза на забрзан развој.

Опозицијата, пак, остро критикува, нарекувајќи го буџетот манипулативен и креиран за предизборни цели. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изнесуваат спротивставени ставови, при што опозицијата го обвинува мнозинството за нереални проекции, особено околу работата на ЕСМ. Според нив, предложените расходи и приходи – 6,5 и 5,8 милијарди евра, соодветно – не гарантираат финансиска стабилност.

Економистите коментираат дека овој буџет не може да биде развиен особено што се превидени многу расходи за раст на пензиите, како и задолжување преку кредити и други алтернативни задолжувања. Тие додаваат дека ова е всушност само буџет кој навестува дека следната година ќе има избори.

СДСМ потсетува и дека голем дел од проектите се иницирани за време на претходната влада. „Овие зафати бараат повеќе од еден мандат за реализација, и добро е што продолжуваат,“ изјавија нивни претставници.

Со над 250 амандмани поднесени од опозицијата, дебатата продолжува. Власта истакнува дека буџетот е инструмент за економски раст, додека опозицијата го гледа како алатка за изборен маркетинг.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk