Home » Брзата храна станува луксуз, ново поскапување на хамбургерите

Брзата храна станува луксуз, ново поскапување на хамбургерите

by Журнал

Граѓаните се револтирани и од цените на гастрономските услуги кои повторно поскапеа од 1 јануари. Ѓеврекот кои некогаш се продаваше по 10 денари,сега достигна кој 25 денари, четвртина бурек се продава од 60 до 90 денари, а хамбургерите поскапеа од 150 на 200 денари. Индивидуалните трговци си ги зголемија цените за поголем профит, иако цените на суровините и другите трошоци се стабилизирани.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека најголем дел од бурекџилниците и киосците со брза храна се регистрирани како занаетчии и според соодветниот закон тие немаат моќ да ги контролираат цените на пазарот. Портпаролката на Пазарниот инспекторат рече дека во моментов не постои закон со кој би ги регулирале нарушувањата на цените. Тие лани направиле над 28.000 проверки, и биле изречени над 200 казни во износ од 55 милиони денари, односно близу 900.000 евра.
Милена Цветановска рече дека најголем дел од казните се изречени од инспекторските проверки во мрежите на супермаркетите, но и на малопродажните дуќани.

Во моментов државата контролира само одредени прехранбени производи по гарантирани цени, ограничувајќи ја продажната маржа, мерка која истекува на 31 јануари. Низ Собранието се влече законска рамка која треба да доведе до продолжување на мерката во февруари. И додека предлогот на Законот за спречување на нелојалната трговија се уште е во собраниска процедура, трговците ја користат можноста да ги зголемат цените .Новиот закон се очекува да ја ограничи профитната маржа од 10% за продажбата на мало за широк спектар на прехранбени производи, кои во моментов се покриени со мерката за гарантирана цена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk