Home » Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

by Журнал.мк

Најмалку 14 Палестинци загинаа во два напади на израелската армија врз Појасот Газа, меѓу кои две деца и една жена.

Повеќето од жртвите се во области кои Израел претходно ги прогласи за хуманитарни зони, соопштија денеска палестинските власти.

Рано утринава израелските сили извршија напад врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и една жена.

Официјални лица во блиската болница Ал-Авда изјавија дека најмалку 11 Палестинци исто така се повредени во нападот.

Доцна во понеделникот, израелските сили нападнаа импровизирана кафетерија што ја користат раселените луѓе во Муваси, каде е центарот на хуманитарната зона.

Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и две деца, соопштија претставници на болницата „Насер“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk