Актерката Брук Шилдс го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод на Инстаграм сподели фотографии на кои позира во бикини.
Имено, актерката позираше во црни бикини и уште еднаш воодушеви со својот изглед и фит фигура по која е препознатлива со децении. Заедно со фотографиите, Брук напиша: “Се разбудив во рајот и во новата деценија од животот. Ова е 60! Ви благодарам на сите за роденденските желби”.
Претходно, во интервју за списанието „Гламур“ во ноември 2023 година, Брук искрено зборуваше за своето стареење и откри дека има одредени стравови поврзани со естетските третмани.
“Се плашам од помислата да не личам на мене. Кога користев ботокс изгледав чудно и си помислив: “Ова не сум јас”, рекла таа.
Сепак, таа призна дека редовно користи пилинг и други третмани за убавина, бидејќи сака да го задржи природниот изглед и чувство на себе.