Home » Бронзените „коцкести“ – мотив плус за добар резултат на Македонија!

Бронзените „коцкести“ – мотив плус за добар резултат на Македонија!

by Lina Muslija

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Ријека, Хрватска, ќе го одигра првиот од двата предвидени пријателски натпревари во јунскиот термин. Противник на Македонија ќе биде силната Хрватска, бронзената од последното Светско првенство во Катар, и селекција која има успеси на последните два Мундијали.

Сосема јасно е дека Хрватска на индивидуален и тимски план во последните 10 години има еден од најдобрите состави во историјата, предводени од одличен среден ред со имиња како Модриќ, Брозовиќ, Ковачиќ, со играчи кои имаат освојувано голем број трофеи, со големо искуство во играње во ТОП 5 лигите во Европа.

„Македонија треба да ни биде добра подготовка за Албанија“, кажа селекторот Златко Далиќ непосредно пред овој меч, чекајќи го да се приклучи Лука Модриќ после финалето со Реал Мадрид во ЛШ, но сигурно дека тој нема да игра вечерва туку ќе добијат шанса оние кои од првиот ден се на подготовките.

Кај Македонија, пак, ќе недостасува Барди поради повреда. Селекторот Благоја Милевски верува дека поголема мотивација од силна селекција како Хрватска не постои, и дека секогаш кога се игра за националниот тим, треба да се дава максимум, без разлика дали станува збор за пријателски или официјален меч.

„Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави Милевски.

Дуелот започнува во 19:00 часот. После овој натпревар, националните во Храдец Кралове ќе играат против Чешка. Мечот е предвиден за 10 јуни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More