Home » Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани

Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани

by Журнал.мк

Бројот на заболени од грип во Струмица оваа година е речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани. Според податоците од Центарот за јавно здравје, годинава се регистрирани 318 заболени, за разлика од истото време лани кога оваа бројка изнесувала 180 лица. Но и покрај зголемените бројки лекарите велат дека ваквата состојба не треба да загрижува бидејќи истата била очекувана.

Oд Центарот за јавно здравје информираа дека грипот циркулира насекаде во заедницата, но податоците покажуваат дека најпогодени се граѓаните на возраст помеѓу 15 и 64 години.

Годинава во Струмица над 3700 граѓани беа вакцинирани против сезонскиот грип. Според здравствените работници вакцинацијата е најдобриот и најефикасниот начин за превенција против инфлуенцата и затоа очекуваат дека во иднина бrојот на вакцинирани ќе се зголемува.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk