Бројот на активни корисници на социјалните мрежи се искачи на повеќе од пет милијарди, или околу 62,3 отсто од човештвото. Според најновата студија на компанијата за следење медиуми „Мелтвотер“ и агенцијата за социјални медиуми „Ви ар соушал“, бројот се зголеми за 5,6 отсто од минатата година, надминувајќи го растот на светската популација од 0,9 отсто.
Социјална мрежа со најмногу корисници е Фејсбук на Мета со 2,19 милијарди, Инстаграм – 1,65 милијарди, тесно зад ТикТок со 1,56 милијарди.
Извештајот предупредува дека е тешко да се дојде до прецизни бројки поради автоматизирани сметки или луѓе кои користат различни идентитети. Најпребаруваниот запис на Википедија беше „ЧетЏПТ“.