Home » Бројот на активни корисници на социјалните мрежи надмина 5 милијарди

Бројот на активни корисници на социјалните мрежи надмина 5 милијарди

by Журнал

Бројот на активни корисници на социјалните мрежи се искачи на повеќе од пет милијарди, или околу 62,3 отсто од човештвото, според денеска објавената студија.

Бројот се зголеми за 5,6 отсто од минатата година, надминувајќи го растот на светската популација од 0,9 отсто, се вели во извештајот на компанијата за следење медиуми Мелтвотер и агенцијата за социјални медиуми „Ви ар соушал“.

Социјална мрежа со најмногу корисници е Фејсбук на Мета со 2,19 милијарди, Инстаграм – 1,65 милијарди, тесно зад ТикТок со 1,56 милијарди.

Извештајот предупредува дека е тешко да се дојде до прецизни бројки поради автоматизирани сметки или луѓе кои користат различни идентитети. Најпребаруваниот запис на Википедија беше „ЧетЏПТ“.

Извештајот се заснова на бројките собрани од дигиталната консултантска компанија „Кепиос“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More