Home » Брнз и`го предаде американското знаме на Шекеринска

Брнз и`го предаде американското знаме на Шекеринска

by Журнал.мк

На свечена церемонија , со интонирање на химните на двете земји амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и го предаде знамето на Шекеринска како симбол на исклучителните достигнувања.

Министерката во заминување Радмила Шекеринска стана првиот македонски министер за одбрана што се закити со американското знаме кое се вееше на зградата на амбасадата на САД во Скопје, симболичен чин кој има големо значење за американската држава. На свечена церемонија , со интонирање на химните на двете земји амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и го предаде знамето на Шекеринска како симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу Македонија и САД во изминатите четири и пол години.

-Како најнов член на Алијансата, Македонија веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, САД и Македонија дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак” во најдобра тренинг зона во Европа. Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство, истакна амбасадорката Брнз.

За Шекеринска знамето што денеска и беше врачено, исто како и македонското што пред една година го доби од колегите од НАТО ќе сведочи за сите поминати искушенија, но и за заедничкиот историски резултат.

  • За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, изјави Шекеринска.

Соработката меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму, порача Шекеринска, а САД остануваат верен сојузник и поддржувач за пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk