Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ тврди дека „суштината на програмата“ на студентскиот протест пред РТС, како што наведе, е „да се убие српскиот претседател Александар Вучиќ“.
На нејзиниот профил на X мрежата таа сподели видео од протестот во кој средовечен демонстрант вели: „За Слоба важеше „Готов е. За овој важи „Беше висок човек“.
”Конечно, суштината на програмата! Студент во цутот на младоста објасни: Убијте го Александар Вучиќ. Сите со насмевка: „беше висок човек“. Новинарот не ни трепнува. Нели „не повикуваат на омраза и конфликт“, а како би изгледало да повикуваат.“, напиша Брнабиќ.
Студенти на блокада и голем број граѓани вечерва се собраа пред Радио телевизија на Србија за, како што рекоа, уште еднаш да привлечат внимание на „несоодветното известување“ на јавниот медиумски сервис.
Поради протестот кој се одржува под слоганот „Нашето право да знаеме се“, блокиран е сообраќајот на Таковска, на плоштадот Никола Пашиќ, на улицата „Кнежа Милоша“ кон Лондон и на булеварот „Крал Александра“ кон споменикот Вук.