Home » Брнабиќ: Опасноста од атентат на Вучиќ сè уште не е отстранета

Брнабиќ: Опасноста од атентат на Вучиќ сè уште не е отстранета

by Журнал.мк

Претседателката на владата на Србија Ана Брнабиќ изјави денес дека опасноста од атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ сè уште не е отстранета.

„Комуницираме и со земјите од Европската Унија за тоа. Ние тоа сè уште не сме го спречиле, и понатаму се води борба и опасноста не е отстранета“, кажа таа.

Таа кажа дека е невозможно шефот на криминалниот кавачки клан Радоје Звицер, за кого се сомнева дека е вмешан во организирањето на атентатот на претседателот на Србија, да е „толку силен“ без поддршка од државниот врв.

„Невозможно е некој од Црна Гора да не знаел за Звицер и да не го спречил тоа. Во тоа не верувам“, кажа Брнабиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More