Home » Бритни Спирс пишува мемоари: За деталите од нејзиниот живот склучила рекорден договор

Бритни Спирс пишува мемоари: За деталите од нејзиниот живот склучила рекорден договор

by Журнал.мк

Бритни Спирс потпиша рекорден договор со издавачката куќа, кој ќе и донесе 15 милиони долари за мемоари во кои ќе открие сè за нејзиниот успех и слава, како и односот со семејството и искуството да живее под надзор повеќе од една деценија.

Мемоарите ќе се занимаваат со нејзината кариера, личниот живот и семејството, а според порталот Six, издавачката куќа Simon & Schuster постигнала договор откако се натпреварувала со неколку издавачи.

Информациите доаѓаат три месеци откако судијката Бренда Пени ја прекина старателската позиција под која беше пејачката речиси 14 години, и во која нејзиниот татко беше на позиција што му даваше контрола над нејзиниот живот и финансии.

И сестрата на пејачката Џими Спирс во јануари оваа година ги објави своите мемоари под наслов „Things I Should Have Said“.

Спирс по тој повод се огласи на Инстаграм и ѝ порача на нејзината сестра дека „тајмингот“ на објавување на книгата е неверојатен, особено затоа што таа знае дека „целиот свет нема поим што навистина и е направено“.

Спирс во јануари започна со шпекулации за можен договор за книгата, кога на својот Инстаграм профил сподели фотографија од машината за пишување со опис: „Да почнам од почеток?“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More