Idols е четвртиот студиски албум на британскиот музичар Yungblud. Албумот излезе на 20 јуни 2025 година под етикетата на Locomotion Recordings и Capitol Records, а истиот беше најавен со сингловите „Hello Heaven, Hello“, „Lovesick Lullaby“ и „Zombie“.
Idols е создаван во текот на четири години во Лидс, како свесен избор да се работи блиску до местото каде што Yungblud пораснал, и се смета за негов најамбициозен проект досега. Британскиот музичар, чие вистински име е Доминик Харисон, го опиша албумот како „проект без ограничувања“. Албумот ќе излезе како двоен винил.
Харисон го опиша проектот како „љубовно писмо кон само-освојување… кон рок музиката… и кон животот; во сета таа луда лудост“. Наместо да се фокусира на сингловите, процесот на создавање на Idols се врти околу „чувствата и градењето на светови“. Тој има намера да ги предизвика идеите за „идентитет“ преку обид да ја зајакне сопствената вредност и да бара одговори во себе пред да ги гледа другите луѓе. Друга тема што ја истражува албумот е неговата сопствена машкост, што тој го смета за „лудо нешто да се каже во 2025 година“.
Албумот означува промена во неговата кариера, повлекувајќи влијание од жанрот бритпоп, како и од различни артисти, вклучувајќи ги Oasis, The Verve, Primal Scream, My Chemical Romance, David Bowie и Madonna.