Британската антимонополска агенција, Competition and Markets Authority, денеска објави дека американскиот технолошки гигант Google ја злоупотребува својата доминантна позиција во рекламната технологија.
Се вели дека Google ја користи својата позиција за да им даде приоритет на сопствените услуги, на штета на илјадници издавачи и огласувачи во Велика Британија.
Google долго време има привилегирана позиција и може да собира кориснички податоци за да им овозможи на огласувачите да таргетираат реклами, се вели во извештајот.
Американската компанија продава и рекламен простор и обезбедува технологија за огласувачите.
Користејќи ги сопствените алгоритми, Google автоматски пресметува и нуди простор за рекламирање и цени на огласувачите и издавачите кога корисникот ќе кликне на веб-страница.
Рекламирањето преку Интернет е најпрофитабилниот бизнис за Alphabet, матичната компанија на Google, со приход од околу 225 милијарди долари во 2022 година.
Приходите од реклами сочинуваат околу 80 отсто од вкупните приходи на Alfabet.
Реакцијата на британскиот регулатор може да доведе до големи казни за Google.