Home » Британски тенкови „Challenger“ заглавени во украинската кал

Британски тенкови „Challenger“ заглавени во украинската кал

by Журнал.мк

Тенкот „Challenger 2“ заглавил во кал во текот на „демонстрација на својата моќ“ за британските медиуми, кои доставиле фотографии од процесот на евакуацијата на заглавената опрема.

„The Sun“ во неделата објави статија во која се зборува за тоа на кој начин екипажот на тенковите го користела топот од 120 милиметри.

Новинарите во својот материјал пишувале за предностите на тенкот „Challenger 2“, додека фотографиите во статијата покажуваат дека тенкот е немоќен за борба ако влезе во кал.

Весникот признал дека британскиот тенк има проблеми со подвижноста и нагласува дека на крајот од инцидентот тенкот служел само за вежба.

По почетокот на специјалната воена операција, Британија им пружила воена помош на киевските власти во износ од 4,6 милијарди фунти.

Велика Британија на Украина и испорача ракети со долг досег „Storm Shadow“, тенкови „Challenger 2“, ракетни системи „M270“ и друга опрема.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More