Home » Британската кралица се уште користи „цигла“: Синот на Камила откри каков телефон има неговата мајка

Британската кралица се уште користи „цигла“: Синот на Камила откри каков телефон има неговата мајка

by Lina Muslija

Британската кралица Камила не ја користи апликацијата ВатсАп бидејќи користи стар модел на телефон кој не е поврзан на интернет, изјави нејзиниот син Том Паркер Боулс.

Заради националната безбедност, малку се знае за мобилните телефони што ги користи кралското семејство, но синот на кралицата откри дека неговата мајка сè уште користи „старомодeн“ телефон Нокиа.

Тој за магазинот „Woman & Home“ изјави дека неговата мајка никогаш не одговара на повиците преку апликацијата бидејќи нема интернет на нејзиниот телефон и дека затоа е принуден да гледа вести за да дознае што прави и каде е , пренесува Тајмс.

На прашањето дали неговото семејство има група на апликацијата ВатсАп, Паркер Боулс одговори потврдно, но истакна дека неговата мајка – кралицата Камила – која „сè уште користи старомоден телефон „Нокиа“ не е во таа група.

-Затоа таа не може да биде дел од групата. Мислам дека тоа е за безбедност, заклучи Паркер Боулс.

Претходно, медиумите објавија дека кралицата Камила „се лути“ кога нејзините внуци ги изнесуваат телефоните на масата за вечера и ги замолува веднаш да ги остават.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk