13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Британска автомобилска сцена: Деценија во знак на Ford и бестселерот Fiesta

Најчитани вести

Британскиот автомобилски пазар има големо значење за производителите, а милионските бројки кои се реализираат на годишно ниво објаснуваат зошто се инсистира на задржување на слични „правила на игра“ и во пост-брегзит периодот.

Купувачите на нови автомобили во Велика Британија ги следеа трендовите што се однесува до популарноста на SUV моделите, ги користеа придобивките од моделите кои се произведуваат на домашна територија, а исто така сериозно го намалија интересот за дизел изведбите.

Статистиката вели дека на почетокот на деценијата, односно во 2010 година, дури 46,1% од купувачите се решиле за автомобил со дизел мотор, но во 2019 година, пазарниот удел на дизелите стигна до 26,7%, додека електрифицираните изведби стигнаа до 9,1 процент од вкупниот британски пазар.

Ако некој може да се пофали со постојана добра позиција на островот, тогаш тоа е Ford, кој не го испушти првото место во текот на деценијата и 2019 година ќе ја заврши на првото место меѓу производителите.

Во Топ 10 меѓу моделите имаше различни промени и поместувања, но бестселер останува Ford Fiesta, која и 2019 година ќе ја заврши како најпродаван модел.

Поголемата конкуренција и поволните лизинг договори за премиум моделите го намалија пазарниот удел на Ford, но сепак и во 2019 година, со 10,23% од целиот пазар, логото со „синиот овал“ ја остави конкуренцијата зад себе. Објавените статистички податоци се однесуваат за единаесет месеци, но промените во бројките ќе бидат минимални и со вклучен декември.

Ако се споредат 2010 и 2019 година како почетна и завршна година од деценијата, најголем добитник е Mercedes, кој од 3,69 стигна до пазарен удел од 7,5 проценти. Сериозен раст за една деценија имаат и BMW (1,81%), Kia (1,51%), Land Rover (1,5%), Seat (1,39%), Dacia (1,32%), Skoda (1,17%) и Audi (1,1%).

Изминатава деценија најмногу загуби Vauxhall, брендот кој не беше имун на нестабилноста во периодот кога негов сопственик беше General Motors, па деценијата ја завршува со 5,08 проценти помал пазарен удел. Најстабилен останува Volkswagen кој ја завршува деценијата речиси идентично како што и ја започна.

Топ 10 пазарен удел (2010 година)
1. Ford (13,81)
2. Vauxhall (12,81%)
3. Volkswagen (8,60%)
4. BMW (5,39%)
5. Peugeot (5,38%)
6. Audi (4,92%)
7. Renault (4,71%)
8. Nissan (4,42%)
9. Toyota (4,30%)
10. Mercedes (3,69%)

Топ 10 пазарен удел (2019 година)
1. Ford (10,23%)
2. Volkswagen (8,61%)
3. Mercedes (7,50%)
4. BMW (7,20%)
5. Vauxhall (7,10%)
6. Audi (6,02%)
7. Toyota (4,65%)
8. Kia (4,27%)
9. Nissan (4,03%)
10. Hyundai (3,68%)

Топ 10 најпродавани модели (2010)
1. Ford Fiesta
2. Vauxhall Astra
3. Ford Focus
4. Vauxhall Corsa
5. Volkswagen Golf
6. Volkswagen Polo
7. Peugeot 207
8. BMW 3 Series
9. Mini Hatch
10. Nissan Qashqai

Топ 10 најпродавани модели (2019)
1. Ford Fiesta
2. Volkswagen Golf
3. Ford Focus
4. Vauxhall Corsa
5. Mercedes A-Class
6. Nissan Qashqai
7. Mini Hatch
8. Ford Kuga
9. Volkswagen Polo
10. Kia Sportage

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com