Home » Британија спрема 1.000 војници во говотност за хуманитарна помош поради тензиите околу Украина

Британија спрема 1.000 војници во говотност за хуманитарна помош поради тензиите околу Украина

by Журнал.мк

Илјада британски војници ќе бидат подготвени да помогнат во случај на хуманитарна криза при евентуален руски напад врз Украина. Наредбата е дадена пред британскиот премиер Борис Џонсон да ги посети Брисел и Варшава, каде што ќе ја нагласи потребата од цврсто придржување до принципите на НАТО и ќе разговара за начините на кои Британија би можела да обезбеди воена помош додека Русија распоредува војници на украинската граница.

Неговата турнеја е дел од засилената меѓународна дипломатија во контекст на тензиите околу Украина. Во понеделникот, Лондон објави дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, откако минатата година испрати 100 за да и помогне да се справи со миграциската криза на границата со Белорусија. Британскиот кабинет соопшти дека какви било дополнителни воени упади на Русија во Украина веројатно ќе доведат до масовно раселување на луѓето долж границите на Европа, што ќе влијае на земји како Полска и Литванија.

Даунинг стрит соопшти дека Џонсон ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за предлогот на Велика Британија за зајакнување на одбраната на алијансаэ а, вклучително и со удвојување на војниците во Естонија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More