Одбранбениот фудбалер Христијан Јанкулоски (23) е ново име на екипата на Брера Струмица.
Јанкулоски веќе се приклучи на тимот на Тони Атанасов и тренира со првиот состав за пролетниот дел од првенството, каде треба да биде столб на одбраната.
Во струмичкиот клуб доаѓа од Воска Спорт каде од февруари минатата година стана дел.
Имаше скромни настапи во дресот на охридскиот прволигаш заради што ја промени средината, а претходно играше и во Австралија.
Претходно тимот на Брера Струмица го засили Михаил Милевски кој може да покрива повеќе позиции на средината од теренот, но и во дефанзината линија.