23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Бредли Купер и Ирина Шајк ги слават своите родендени ден по ден, а фановите само се прашуваат едно нешто

Најчитани вести

Бредли е роден на 5 јануари, а Ирина на 6 јануари

Американскиот актер и продуцент Бредли Купер го слави својот 46-ти роденден на 5 јануари 2021 година, само еден ден пред неговата поранешна партнерка Ирина Шајк да го прослави својот 35-ти роденден.

Имено, поранешниот пар кој има заедно ќерка, Леа Де Сена (3), е роден истиот месец со само еден ден разлика и сите се прашуваат каде ќе биде прославата и дали ќе бидат заедно на тие датуми, барем поради малата ќерка.

Ѕездата на филмот „A Star Is Born“ и поранешниот „Ангел на Викторија“ беа заедно од 2015 до 2019 година и никогаш не признаа која е вистинската причина за нивното раскинување, а ова е ретроспектива на нивната врска.

Изгледаа како совршен холивудски пар, тој беше номиниран за Оскар, а таа е една од најубавите супермодели, но по четири години од почетокот на врската, парот одеднаш раскина.

Пред Бредли, Ирина беше во врска со професионалниот фудбалер Кристијано Роналдо (35), додека Бредли беше со многу холивудски убавици.

Кога на почетокот на 2017 година се роди нивната ќерка Леа, ова семејство изгледаше неверојатно среќно.

Постојат гласини дека за време на нивната врска, не било сè одлично, бидејќи Ирина била фотографирана како плаче неколку пати, а цело време велела дека ѝ е студено и дека поради тоа пушта солзи. Исто така, во Холивуд кружеа постојани озборувања дека Бредли бил во врска со пејачката Лејди Гага (34), со која глумел во филмот „A Star Is Born“.

– Нема шанси Гага и Бредли да беа заедно. Тие се само добри пријатели и често зборуваат – изјави извор близок до нив

Само неколку месеци откако Ирина го поддржа својот партнер додека тој имаше емотивен настап со Лејди Гага на Оскарите во 2019 година, парот се разведе, наводно поради неговата прељуба. Странските медиуми објавија дека манекенката е таа што раскинала и се иселила од домот во кој живееле заедно.

– Бредли беше емотивно отсутен за време на долгото снимање на филмот со Гага. Ирина и тој се обидоа да ја спасат врската, но нешто се смени – додаде изворот.

Набргу по раскинувањето, во јануари минатата година, Ирина во едно интервју изјави: “Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да се биде самохрана мајка и деловна жена. Верувајте ми, има денови кога ќе се разбудам и ќе помислам: ‘О, Боже, не знам што да правам, се распаѓам “.

Манекенката неодамна беше фотографирана како се прикрадува од станот на Бредли во Њу Јорк, а обожавателите ширум Светот се надеваат на помирување. Неколку недели после тоа, Ирина, Бредли и Леа беа фотографирани на семејна прошетка и се чини дека и покрај сè, тие останаа во добри пријателски односи.

Многу фанови веќе започнаа со честитки за роденденот на еден од најубавите холивудски парови досега.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести