Home » Бразилскиот фудбалски ас Дани Алвеш се соочува со 12 години затвор поради силување

Бразилскиот фудбалски ас Дани Алвеш се соочува со 12 години затвор поради силување

by Журнал

Бразилскиот фудбалски ас, Дани Алвеш е соочен со затворска казна од 9 до 12 години, за кривично дело полов напад.

Алвеш наводно силувал девојка ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2022 година во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона.

Денеска започна судењето на Дани Алвеш, а периодот од апсењето до почетокот на судењето тој го мина во притвор.

Обвинителството бара девет години затвор за фудбалерот, додека адвокатите на оштетната девојка бараат максимална казна од 12 години.

Одбраната, од друга страна, се обидува да постигне компромисен договор за да го спречи одржувањето на судењето, што може да се случи денеска. Ќе сведочи жртвата, потоа нејзиниот роднина и пријател, потоа вратарот на ноќниот клуб и двајца келнери.

Алвеш редовно го менуваше својот исказ за настаните. Најпрвин негирал дека ја познава девојката, а во една од последните изјави пред истражните органи признал дека имало сексуален однос.

ДНК тестовите покажале дека имало пенетрација, што славниот фудбалер на крајот го признал како консензуален сексуален чин.

Утре е денот на сведочењето, повикани се 22 сведоци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk