Home » Братот и таткото на осомничениот за убиството на Данка се задржани во полиција

Братот и таткото на осомничениот за убиството на Данка се задржани во полиција

by Журнал.мк

Полицијата во Бор ги приведе братот и таткото на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ . Тие беа донесени синоќа и по разговорот им беше одредена мерка притвор во полиција до 48 часа под сомнение дека помагале во злосторот, изјави началникот на УКП Нинослав Чмолиќ во утрисното гостување на ТВ Прва, пишува Телеграф.рс.

Осомничените за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, од синоќа се во притвор под сомнение за убиство.

Како што дознава Телеграф, Дејан во Обвинителството раскажал како се случила трагедијата. Срѓан се бранел со молчење.

Досега неофицијално се дознава дека Дејан ја возел „пандата“ на 26 март годинава, додека Срѓан бил на совозачкото место.

Чмолиќ на ТВ Прва изјави дека „возачот на автомобилот ја раскажал својата верзија на приказната, која се совпаѓа со онаа на сопатникот“.

– Возачот не знае каде е скриено телото. Патникот го знае тоа, меѓутоа, разговарале два-три дена потоа, а вториот му рекол: „Тоа е моја грижа, направив што требаше“ – изјави Чмолиќ утрово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More