13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Братот и менаџер на Рамос е лут на Реал: Некој ќе мора да го објасни ова

Најчитани вести

Серхио Рамос влезе во последната година и пол од договорот со Реал Мадрид. „Кралевите“ сакаат да го задржат капитенот и клупската легенда, но со помала плата.

Преговорите траат со месеци, а договор нема, па веќе на големо се најавува заминување на Рамос. Капитенот ќе наполни 35 години, па ова лето му е последна шанса да потпише голем договор. Неофицијално има понуда од ПСЖ, како и од Италија и Англија, но за него сепак на прво место е Реал.

Рамос сака договор со важност од две години најмалку и без намалување на платата. Неговиот брат и агент, Рене Рамос на својот „Твитер“ профил не криеше дека е бесен поради потегот на Реал, го сподели „твитот“ на познатиот новинар Алфредо Дуро, кој го критикуваше кралскиот тим.

„Некој ќе мора да објасни зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на списокот на играчи кои можат да потпишат за друг тим“, се вели во објавата на познатиот новинар.

Капитенот на Реал може слободно може да потпише договор со некои од клубовите кои сериозно се заинтересирани за неговите услуги.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести