HomeМакедонијаБожиновска на одбележувањето на 30 години УНДП: Партнерството носи резултати што траат

Божиновска на одбележувањето на 30 години УНДП: Партнерството носи резултати што траат

- Advertisement -spot_img

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздрави 30-годишнината од присуството на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Македонија, нагласувајќи дека ова партнерство е од клучно значење за државниот развој, особено во енергетскиот сектор.

На свеченоста присуствуваше и министерот, кој истакна дека три децении континуирана соработка покажуваат колку силно и стабилно партнерство може да создаде резултати кои траат. Тој посочи дека УНДП во изминатите години бил „исклучително важен и доверлив сојузник“ во бројни развојни процеси во земјата.

Министерството потенцира дека посебно значајна била соработката со УНДП во организацијата на Меѓународниот форум за енергија и одржлив развој, настан кој ја постави Македонија на мапата како сериозен партнер во глобалните енергетски процеси.

„Заедно покажавме дека Македонија може да биде домаќин на светот и испративме силна порака за нашата амбиција и подготвеност да играме поголема улога во глобалната енергетска транзиција,“ истакна министерот.

Од Министерството додаваат дека во годините што следат ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката и да го интензивираат реформскиот процес со кој земјата се движи кон стабилна, одржлива и модерна енергетска иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img