8.8 C
Skopje
10 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Годишниот план за 2026 ја приближува Македонија до европскиот енергетски пазар

Божиновска: Годишниот план за 2026 ја приближува Македонија до европскиот енергетски пазар

- Advertisement -spot_img

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и заштита на ранливите потрошувачи.

Усвоен е Годишен план за 2026 година, целосно усогласен со стратешките документи на Владата, а со новиот Закон за енергетика се овозможува ефикасна интеграција на националниот пазар во регионалниот и европскиот пазар.

Министерството посвети внимание и на социјалната димензија, обезбедувајќи поддршка за илјадници домаќинства преку мерки за заштита на ранливите потрошувачи. Дополнително, е усвоен тригодишен план за реновирање на објектите на централната Влада, со цел модернизација и одржлива инфраструктура.

„Продолжуваме со транспарентно и одговорно спроведување на реформите, во тесна соработка со Владата, институциите и меѓународните партнери, за сигурен, модерен и праведен енергетски систем за граѓаните и економијата“, истакна министерката Сања Божиновска

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img