Борусија Дортмунд полека се подготовува за „ера без Санчо“. Англискиот фудбалер е блиску до враќање во Англија, и веројатно ќе оди во Челзи, тим за кого навива од мал.
И додека трае трансфер сагата околу Санчо, Борусија веќе најде замена. Станува збор за косовскиот интернационалец Милот Рашица од Вердер.
Според неговиот поранешен тренер Исмет Муниши, тој веќе одлучил да се приклучи на Борусија, кога тимот од Дортмунд ќе го продаде Санчо.