Home » Борусија Дортмунд пак го прескокна Лајпциг

Борусија Дортмунд пак го прескокна Лајпциг

by Lina Muslija

Борусија Дортмунд славеше со 3-1 на мечот со Ајнтрахт, резултат со кој „милионерите“ повторно го прескокнаа Лајпциг и се вратија на третото место на бундеслигашката табела.

Марио Геце ги изненади своите поранешни соиграчи откако по една фуриозна контра на Ајнтрахт топката се одби до екс-милионерот, кој од работ на шеснаесетникот мајсторски ја смести во мрежата.

Тоа беше повик за будење за домашните фудбалери, кои заиграа на далеку повисоко ниво по примениот гол. Адејеми во 33. минута го израмни резултатот, а пресвртот беше комплетиран во последните десет минути, најпрвин Хумелс стрелаше со глава за водство од 2-1, пред Емре Џан во судиското продолжение од пенал да ги постави конечните 3-1 на овој натпревар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More