Home » Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

by Журнал.мк

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Во писмото испратено до министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел изразува „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и нагласи дека „досега овие грижи не биле земени предвид од Израел“.

Политичкиот дијалог со Израел, кој стапи на сила во јуни 2000 година, е вграден во поширок договор за односите меѓу ЕУ и Израел и вклучува широки трговски врски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk