23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Борел: Поради властите во БиХ мигрантите во драматична состојба

Најчитани вести

Властите во Босна и Херцеговина, поради нефункционалниот систем на донесување одлуки, не презедоа ништо за да ја ублажат драматичната хуманитарна состојба на стотици мигранти во тешките зимски услови, предупреди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој оцени дека властите во БиХ ги игнорираат постојаните повици за обезбедување основни услови за живот и хуман третман на мигрантите во прифатниот центар во Липа, кој не е погоден за престој во зима.

Во декември, кампот стана целосно неупотреблив по пожарот, по што 3.000 мигранти се најдоа без најосновното засолниште во зимски услови.

Алтернатива е центарот Бира во Бихач, кој е уреден и опремен со 3,5 милиони евра помош од ЕУ.

– Тој центар, сепак, останува празен поради противењето на локалните власти и населението, вели Борел.

Според него, во БиХ во моментов има меѓу 8.000 и 9.000 бегалци и мигранти, од кои 5.600 се официјално регистрирани.

Од 2018 година, ЕУ и даде на БиХ повеќе од 88 милиони евра за решавање на основните потреби на мигрантите и бегалците и за зајакнување на капацитетот за управување со миграцијата.

Последната транша од 3,5 милиони евра беше одобрена пред два дена за да помогне во спречување на хуманитарна катастрофа во Унско-санскиот кантон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести