Home » Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води

Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води

by Журнал.мк

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна.

– Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води – рече Борел.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk