Home » Борел го осуди насилството на демонстрациите во Брисел против здравствената ковид-пропусница

Борел го осуди насилството на демонстрациите во Брисел против здравствената ковид-пропусница

by Журнал.мк

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, го осуди „безумното уништување и насилство“ на вчерашните демонстрациите против здравствената ковид-пропусница во Брисел на кои, меѓу другото, беше нападната и зградата на Европската унија.

Во порака на Твитер, Борел се заблагодари и на белгиската федерална полиција за нивните акции за совладување на насилните демонстранти.

Во Брисел вчера дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите против рестрикциите поврзани со пандемијата на Ковид-19 за време на протестите во кои учествуваа десетици илјади луѓе.

Судирите избија во близина на седиштето на Европската унија, кога полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги потисне демонстрантите кои користеа камења и петарди.

Според властите, околу 50.000 луѓе прошетале низ главниот град на Белгија, а имало и учесници од неколку други европски земји. Вчерашните протести беа најмасовните во низата демонстрации во градот во последните месеци.

Полицијата соопшти дека се уапсени 70 лица, вклучително и десет за прекршоци како што се фрлање предмети и уништување имот.

Тројца полицајци и 12 демонстранти се хоспитализирани, но никој не е во животна опасност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More