Home » Борел: ЕУ ќе обучи до 75.000 украински војници до крајот на годината

Борел: ЕУ ќе обучи до 75.000 украински војници до крајот на годината

by Журнал.мк

Министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ се согласија до крајот на годината инструктори од Унијата да обучат до 75.000 украински војници, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Министрите се состанаа во Брисел за да ја разгледаат продолжената операција за обука на украинските воени сили за нивната одбрана против големата руска инвазија. Борел ја опиша оваа операција како „најуспешната мисија за обука која ЕУ некогаш ја спровела“.

Обуките се спроведуваат во Германија и Полска. Првиот дипломат на ЕУ посочи дека во моментот се работи со 60.000 украински војници, чија обука ќе заврши до крајот на летото, со цел до крајот на годината бројот да се зголеми за уште 15.000 војници.

Министрите за одбрана исто така дискутираа за можноста за продолжување на мисијата до 2026 година, за што ќе се донесе официјална одлука. Разговарано е и за планот дел од операциите за обука на војниците да се спроведуваат на територијата на Украина, но по ова прашање не беше постигнат договор, посочи Борел. Наместо тоа, беше одлучено обуката да се одвива „што е можно поблиску до Украина, но не на нејзина територија“, додаде тој.

Денешната средба беше неформална, што значи дека од министрите за одбрана не се очекува да донесат официјални одлуки.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More