Home » Борба против трговија со дрога и оружје на територија на цела држава, приведени се повеќе лица

Борба против трговија со дрога и оружје на територија на цела држава, приведени се повеќе лица

by Журнал.мк

Во рамки на засилените активности за откривање на сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, на 12.03.2025 на територијата на цела држава МВР спроведе координирани активности.

Имено, по претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, извршени се 52 претреси во домови и помошни простории на локации во цела држава, при што биле пронајдени ловечки пушки, карабин, воздушни пушки и еден гасен пиштол, муниција од различен калибар, семки од растението канабис, повеќе пакувања со растителна, прашкаста и грутчеста материја, таблети екстази, дробилки, ваги, шприцеви исполнети со течност и други предмети.

Исто така, при претресите биле пронајдени и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотични дроги.

Во рамки на активностите, само во текот на вчерашниот ден, по брза постапка биле поднесени три кривични пријави против четири лица по член 215 и една кривична пријава за едно лице по член 396 од Кривичниот законик.

Додека, против едно лице е распишана локална потерница. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и против другите инволвирани лица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk