25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Бомбастична најава: Покетино го носи Агуеро во Париз!

Најчитани вести

Доаѓањето на Маурисио Покетино во ПСЖ, ги активираше тамошните медиуми да започнат приказни за потенцијалните засилувања на аргентинскиот стратег во престојниот период.

Искусниот фудбалски агент Бруно Сантин во спортска емисија на „Канал плус“, откри дека главна мета на Покетино за летниот преоден рок е напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Поранешниот менаџер на Тотенхем е добро запознаен со квалитетот на својот сонародник, кој со години наназад ги решеташе мрежите во Премиер лигата, па сака да го искористи фактот дека токму на лето му истекува договорот со „Граѓаните“.

Агуеро до сега не криеше дека сака да остане во Манчестер, но со оглед на тоа дека влезе во последните шест месеци од договорот, може да преговара и со други заинтересирани клубови, а ПСЖ во своите раце би можел да добие сериозни адути. Еден од нив е токму Покетино, а фактот дека „Светците“ се еден од ретките клубови во Европа кои би можеле да ги испочитуваат неговите финансиски барања. Искусниот напаѓач е еден од најплатените играчи на клубот со 230.000 фунти неделно.

Искусниот аргентински напаѓач има 32 години и ова би можело практично да биде негова последна голема шанса да се проба во некое друго натпреварување. На „Етихад“ пристигна уште во 2011 година и до сега одигра 379 натпревари за Сити во сите натпреварувања и постигна 256 гола.

ПСЖ е во потрага по засилување во шпицот уште од разделбата со Кавани минатото лето, а според наводите на Бруно Сантинo, Маурисио Покетино смета дека Агуеро одлично би се вклопил со Нејмар и Мбапе.

Од класични напаѓачи Покетино во овој момент го има Мауро Икарди, кој има проблеми со повредите, додека Пабло Сарабија и Мојзе Кен се нешто поинаков профил на играчи и објективно под класата на искусниот Аргентинец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести