Бомба експлодираше пред канцелариите на грчките железници во Атина, соопшти полицијата доцна синоќа, додавајќи дека нема повредени.
Полицаец изјавил дека причината за експлозијата најверојатно била импровизирана бомба.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Полицијата навела дека ја оградила областа откако две грчки медиумски организации примиле предупредување дека бомбата ќе експлодира во рок од 35 минути, пренесе Ројтерс.
Се истакнува дека пред зградата била забележана сомнителна торба која подоцна била отстранета.
Во железничката несреќа во 2023 година, која е најголема во историјата на Грција, загинаа 57 лица, главно студенти, а десетици беа повредени.
Многу Грци ја сметаат несреќата за симбол на запоставеноста на железницата во последните децении, а трагедијата предизвика масовни протести.