Home » Богоев: Од денес камионите со стока од Србија се мерат само еднаш

Богоев: Од денес камионите со стока од Србија се мерат само еднаш

by Журнал

Од денеска македонските компании кои увезуваат, извезуваат или транзитираат низ Србија, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, што за македонското стопанство ќе значи заштеда на време и пари. Директорот на Царинска управа на Македонија Стефан Богоев и директорот на Царинска управа на Србија, Бранко Радујко минатиот месец потпишаа Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали т.н. кантарски белешки помеѓу двете земји.

Богоев истакна дека потврдата од српска царина за мерењето ќе важи и кај нас, а нашата ќе важи и на нивна страна.

„На пример, доколку македонска компанија извезува во земји од Европска Унија, камионот се мери на излез од Македонија, на граничен премин Табановце, потоа на влез во Србија не се мери. Камионот транзитира низ Србија, стигнува на српско-хрватска или српско-унгарска граница, повторно на излез од Србија кон Хрватска или Унгарија не се мери, туку се мери при влез во Хрватска или Унгарија”, потенцира Богоев.

Заклучно со ноември 2023 година трговската размена со Србија изнесува 985,9 милиони евра, при што извозот е 365,9 милиони евра или 2,9 проценти повеќе од претходната година. Притоа целиот увоз, извоз и транзит се одвива преку граничниот премин Табановце на кој минатата година на влез се евидентирани речиси 140 илјади товарни моторни возила, а на излез 170 илјади камиони.

„Сите овие товарни возила на влез и на излез се мереле два пати, еднаш во Македонија и еднаш во Србија, а од денеска сите овие товарни возила ќе се вагаат само еднаш, што за компаниите ќе значи заштеда на време и пари. Ветив дека Царинската управа ќе делува како сервис на бизнис заедницата, се со цел создавање услови за зголемување на нивната конкурентност на меѓународниот пазар. Чекор по чекор со ваквите мерки овозможуваме остварување на тие цели”, вели Богоев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk