Home » Боцевски: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Боцевски: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

by Журнал.мк

Јасен знак, затоа што проектот кој веќе беше започнат во 2016 година, како и сите останати проекти поврзани со економскиот, социјалниот и културниот развој, беа на пауза во овие седум години. И не само што беа на пауза, туку беа уназадени, рече Ивица Боцевски, амбасадор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во анализа на првите активности на премиерот Христијан Мицкоски по инаугурацијата и посетата на Штип, но и најавата за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари.

„Видовме што се случуваше со патот Кичево – Струга, кој што веќе требаше да го возиме со години. Видовме што се случуваше со сите оние други проекти кои што беа изработени, кои што беа буџетирани, за кои што веќе имаше отпочнато активности. Сето тоа се стави на една пауза. Македонија беше тотално во аут седум години. Имавме една влада која, меѓудруго, го уништи системот кој што беше гордост на Македонија, кој што беше завист за целиот регион за привлекување на странски директни инвестиции од луѓе кои што завршиле врвни бизнис училишта на Харвард, на Универзитетот Пенсилванија, Вортон, на други врвни американски и европски училишта, Се сведовме тука на некои локални пробисвети кои што глумеа дека бркаат инвестиции итн“, рече Боцевски и додаде дека „сите влади на Заев, вклучително и таа на Ковачевски, седум години воделе девастација“.

Со отпочнувањето на проекти на новата влада, според него, е знак дека Македонија повторно е на мапата и дека фокусот на владата повторно е економската, социјалната, културната благосостојба на сите граѓани.

„Не гледам ништо контрадикторно Посебно фактот дека клиничката болница во Штип, оној проект кој што се седеше во место и кој што бројни политички чинители во власта заработува некои фиктивни средства, повторно се отпочнува. Се гради еден здравствен центар кој што ќе биде клучна болница за еден значаен регион во Македонија. За мене тоа е една јасна порака дека Македонија е вратена на патеката на развојот“, е ставот на Боцевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More