Благој Бочварски од СДСМ во 24 анализа рече дека, кога станува збор за кредит треба да се разгледаат повеќе аспекти кои се важни за Македонија.
Според него, британскиот заем за изградба на железницата не е единствениот голем проект во нашата држава.
„Кога станува збор за ваков проект треба да се разгледаат повеќе аспкети, финансиски, каков е кредиот, колкава е каматната стапка. Во еден краток период се донесе темата, се донесе договор во Собранието. Во членот 6 стои дека двете странки немаат обврска. Не се знае до кога ќе ги враќаме и на каков начин ќе ги земеме тие пари. Немаме документ со аргументи. Овој проект би бил значаен ако се реализира. Не е единствен голем проект. Голем проект е коридорот 8 и 10 д кој тече. Тоа е инфраструктура која реално се гради“, рече Бочварски.
Објасни и дека е важно за сите големи проекти да се отвори физибилити студија.
„За секој еден поголем проект, потребно е отворање на физибилити студија која ќе ги одреди правците, сумите на чинење на проектите, ќе утврди аспекти за влијанието на животната средина. И за коридорите 8 и 10 се направи физибилити студија. Денеска сме во ситуација каде немаме физибилити студија. Во овој случај доцни бидејќи се бараат пари а нема студија“, додаде Бочварски.