Актуелниот пратеник и поранешен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски смета дека на СДСМ потребно ѝ е ново раководство.
Во гостување за ТВ21, Бочварски рече дека партијата е во фаза на консолидација.
-Сметам дека новиот претседател на СДСМ има простор при избор на новите органи и тела, и терба ново раководство на партијата, со кој ќе ја врати довербата на партијата и ќе се врати повторно на победничките.. СДСМ последните избори ги загуби, имаше лош резултат и СДСМ е во фаза на консолидација. Ние сме тука да придонесеме за консолидацијата, рече Бочварски.