Музичарот Боби Павловски ја промовираше песната ,,Лавиринт” за која сними и видео запис, а истата е деветти сингл од српскиот албум кој наскоро ќе биде претставен пред публиката.
Музиката и аранжманот за ,,Лавиринт” се на Милан Раѓен, додека текстот е на Дивна Миловановиќ, а пак придружните вокали ги пее Ивана Селаков.
Видеото за песната е снимено во Фрушка Гора, во куќа која била изградена во 1898 година, во која во минатото живеело германско семејство, а изработено е од екипата на Tropical Lifeisfun.
Павловски открива дека свен на српскиот албум, работи и на албум со македонски песни и имал авторска екипа која ќе донесела свежина во етерот.
-Песната ,,Лавиринт” е мој фаворит, создадена според мојот сензибилитет. Рокови за коплетирање на проектот, односно за објавување на двата најавени албуми, не си поставувам, бидејќи најважно ми е да имам совршен финален производ, вели Павловски, кој е доста актуелен со своите клупски настапи.
Видеото за ,,Лавиринт” е прикачено на музичкиот канал Јутјуб.