Home » Боби Павловски сними видео запис на Фрушка Гора, во куќа изградена пред 126 години

Боби Павловски сними видео запис на Фрушка Гора, во куќа изградена пред 126 години

by Журнал.мк

Музичарот Боби Павловски ја промовираше песната ,,Лавиринт” за која сними и видео запис, а истата е деветти сингл од српскиот албум кој наскоро ќе биде претставен пред публиката.

Музиката и аранжманот за ,,Лавиринт” се на Милан Раѓен, додека текстот е на Дивна Миловановиќ, а пак придружните вокали ги пее Ивана Селаков.

Видеото за песната е снимено во Фрушка Гора, во куќа која била изградена во 1898 година, во која во минатото живеело германско семејство, а изработено е од екипата на Tropical Lifeisfun.

Павловски открива дека свен на српскиот албум, работи и на албум со македонски песни и имал авторска екипа која ќе донесела свежина во етерот.

-Песната ,,Лавиринт” е мој фаворит, создадена според мојот сензибилитет. Рокови за коплетирање на проектот, односно за објавување на двата најавени албуми, не си поставувам, бидејќи најважно ми е да имам совршен финален производ, вели Павловски, кој е доста актуелен со своите клупски настапи.
Видеото за ,,Лавиринт” е прикачено на музичкиот канал Јутјуб.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk