Home » Боб Сегет починал од удар на главата

Боб Сегет починал од удар на главата

by Журнал.мк

Глумецот и комичар Боб Сагет (65), кој беше пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, минатиот месец, починал од траума на главата, откако случајно ја удрил, соопшти неговото семејство.

Сагет најверојатно си го удрил задниот дел на главата и легнал да спие без да размисли за можните последици од ударот, рекле од семејството во изјава за „Ројтерс“.

„Не станува збор за дроги или алкохол или убиство. Додека продолжуваме да тагуваме заедно, бараме од сите да се сетат на љубовта и смеата што Боб ги донесе на овој свет и лекциите на кои нè научи сите нас“, кажале од семејството.

Сегет се прослави како водител на емисијата „Најсмешните американски видеа“, а потоа и со хумористичната серија „Полна куќа“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More