Home » Бојмацалиев: Паднаа во вода лагите, извештајот покажа дека полицијата навремено постапила за убиството на Вања и Панче

Бојмацалиев: Паднаа во вода лагите, извештајот покажа дека полицијата навремено постапила за убиството на Вања и Панче

by Журнал.мк

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, беше запрашан за извештајот на внатрешна контрола во врска со истргата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, пришто изјави дека извештајот на внатрешна контрола укажал дека полицијата навремено постапила и паднале во вода лагите за ненавремено постапување.

Моите информации се оние кои вчера ги објавивме официјално од МВР, дека против ниту едно лице ќе биде покрената дисциплинска постапка, за луѓето кои работеле на двете грозоморни убиства. Што покажува тоа? Тоа покажува дека полицијата работела навремено, точно и прецизно и го решила двојното убиство изврешно од страна на сторителите кои беа приведени и предадени пред истражните органи за понатамошно постапување”, изјави Бојмацалиев.

– Во оваа прилика би сакал да потенцирам дека е убаво што овој извештај е завршен и не е констатирана вина кај никој од колегите. Зошто велам дека убаво во овој период? Бидејќи изминатиов период и деновиве уште се вртеше тезата кај одредени политички партии дека полицијата можела но не постапила како што треба. Со ова паѓаат во вода сите лаги дека полицијата не постапила навремено, точно и прецизно. Значи полицијата постапила според пропишаните правила и прописи во тој момент, онакако како што требало ги решила двете убиства. Ако имало пропусти ќе имало и дисциплински. Значи, нема пропусти и нема дисциплински. Како и секоја иснтитуција, МВР и сите други институции, по различни области, секогаш правиме надградба на одредени правила и прописи на постапување, бидејќи криминалците не мируваат, ние мораме да сме чекор пред нив. Тоа не е ништо ново, ако се направи промена на одредено правило и упатство, бидејќи сме го правеле и во минатото, рече Бојмацалиев.

На прашање за првоосомничениот, Бојмацалиев беше категоричен:

– МВР ја заврши својата работа, ги предаде доказите до ОЈО и Министерство за правда, тоа прашање е во раце на Министерство за правда. Јас искрено верувам дека човекот ќе биде донесен час побргу, рече Бојмацалиев.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More