Home » Бојмацалиев и Нешиќ: Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

Бојмацалиев и Нешиќ: Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

by Журнал.мк

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република Северна Македонија со лична карта, соопштија од МВР.

Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

– Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права, се подвлекува во соопштението од МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk