Home » Бојковска: Законското решение на СДСМ е несериозно и не решава ниту еден проблем

Бојковска: Законското решение на СДСМ е несериозно и не решава ниту еден проблем

by Журнал.мк

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифатат законското решение поднесено од СДСМ, бидејќи е несериозно и не решава ниту еден проблем, соопшти денеска пратеничката од владејачкото мнозинство Драгана Бојковска.

– Напишано брзоплето, без никаков аргумент и економска логика, што впрочем можеше да се види и од излагањето на колешката Јована Тренчевска. Истите оние што ја разурнаа македонската економија и што животниот стандард на граѓаните го донесоа на дното, сега со лажна грижа нудат решенија што не можат да го подобрат животот на луѓето. Нов ден – ново економско промашување од партијата на богаташот од Дубаи. Најверојатно на пауза во хотелот „Хилтон“ во Дубаи ја добиле идејата за да поднесат законско решение коешто и самите четирипати го отфрлија во минатиот мандат, вели Бојковска.

Таа потсети дека претходната власт го покачи ДДВ на над 2.000 прехранбени производи.

Бојковска им порача на социјалдемократите дека доколку сакаат навистина да им помогнат на граѓаните, единствено што треба во моментот да направат е да гласаат за Буџетот за 2025-та година.

– За повисоки плати на сите работници, за 5.000 денари повисоки пензии за сите пензионери, за реализација на четири нови автопатишта, за повисок студентски оброк, за реконструкција на студентски домови, за ваучер од 250 евра за секој студент, за рекордно висока сума на капиталните инвестиции. Имаме конкретен план кој дава резултати, рече Бојковска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk