Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во 24 анализа рече дека владата постојано упатува на пријатен и позитивен дијалог со соседна Бугарија. Според неа, само на таков начин може да се седне на иста маса и да се разговара.
„Ние испраќаме пораки дека сме спремни за средба со бугарски претставници. Културениот дипломатски дијалог е позитивен исход и ќе ни донесе позитивни резултати. Она кое што сакам да го потенцирам освен културниот дипломатски дијалог е и важноста да се зборува за вистинските ЕУ вредности. Тие се пријатлство, соработка и почит едни кон други. Оној кој е посилен и се наоѓа на масата на ЕУ, да помогне на оној кој му е сосед. Така би требало да имаат стратешки интерес да бидеме и ние на маса. Разочарана сум од наративите и не е изннеадувачки. Не е едноставна работата. Жалм што е така но нашиот културен дипломатски дијалог ќе продолжи, се надевам дека ќе седнеме на маса“, рече Бојковска.