Универзитетската професорка Даниела Бојаџиева, во Аргумент плус рече дека во нашата економија растот на платите е помал од растот на цените. Според неа, за решавање на проблемот потребно е и Македонија повеќе да се фокусира на домашното производство.
„Ние имавме ситуација да имаме негативна стапка на продуктивност на труд а платите ги зголемувавме, минималната плата ја зголемуваме , тоа е имплус, таа има влијание и врз просеча и крајната плата и цената на труд расте, кај наст растот на платите е поспор од растот на цените“, рече Бојаџиева.
Таа зборуваше и за потребата од домашно производство со цел помалку да се увезува храна од странство.
„Растат увезените производи и го уништуваме домашпното производство. Од земја која произведувала храна ние увезуваме се. Големи површини земја се насадени со фотоволтаици а не со храна. Ако направиме добра политика на субвенционирање , навистина земјоделството ќе биде исплатлив и интересен бзинис за младите. Ние имаме успешни приказни на млади фармери но се ретки“, изјави Бојаџиева.
Таа објасни и дека со недостатокот на земјоделското производство се занемарува и локалниот развој.