Home » BMW X5 со продолжена каросерија специјално за Кина

BMW X5 со продолжена каросерија специјално за Кина

by Журнал.мк

Во заедничката фабрика на BMW и Brilliance во Кина, во следниот месец започнува производство на варијанта на X5 со продолжено меѓуоскино растојание, којашто ќе биде наменета само за кинескиот пазар.

Групацијата BMW го унапредува своето присуство во Кина и воедно ги проширува производствените капацитети за X5. Во новите погони во фабриката Дадонг, во Шенјанг, BMW Brilliance Automotive Ltd ќе произведува дополнително две варијанти на X5, што се развиени специјално за Кина и ќе се продаваат локално. Тоа се први X-модели од вишата класа, што ќе се произведуваат во земјата. Таму извесно време се произведува електричниот iX3.

Производството на BMW X5 во фабриката во Спартанбург, САД, од каде што се услужува светскиот пазар, останува непроменето. Сите примероци од X5 досега пристигаа од американската фабрика, којашто е најголема фабрика во мрежата на групацијата и центар за X-моделите. Кон крајот на годинава, во Спартанбург ќе почне производството на првиот електрифициран модел со високи перформанси на BMW M GmbH, на новиот XM.

Со преселувањето на дел од производството на X5 од САД во Кина, се растоваруваат погоните во Јужна Каролина, за на тој начин да се овозможи подобро покривање на растечкиот интерес за X5 во светски рамки.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новите BMW X5 xDrive30Li и X5 xDrive40Li се развиени од инженерите во Минхен, во соработка со колегите во Спартабург и Шенјанг. Меѓуоскиното растојание е продолжено за 130 милиметри, во корист исклучиво на патниците на задната клупа. Пошироките задни врати овозможуваат уште полесен пристап и излегување.

New item by Automedia MK / Google Photos

Соодветно на барањата на кинеските клиенти, L-варијантите на X5 стандардно располагаат со специјални комфорни седишта, со можност задната клупа да се залегне за дополнителни 4 степени, како и со стаклен покрив, амбиентално светло и пакет спојлери. Дел од прекинувачите во кокпитот имаата галвански финиш, звучниците имаат перфорирана метална маска и посебно е изведено лежиштето за безжично полнење телефон.

New item by Automedia MK / Google Photos

Подвозјето исто така работи помеко и стандардно располага со електронски регулирани амортизери. Опција е пневматска суспензија за BMW X5 xDrive40Li, со автоматско дотерување на нивото.

Моторите се бензински, четирицилиндарец во BMW X5 xDrive30Li и традиционален линиски шестцилиндарец во BMW X5 xDrive40Li.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk