Не долго по премиерата, се појавија гласини за можноста за почеток на производството…
BMW оваа година покажа нешто посебно на Villa d’Este Concorso d’Eleganza, еден вид саем на автомобилска убавина. Неговото име е Concept Touring Coupe, а е преработка на Z4, по што родстерот стана многу атрактивно Coupe..

Shooting brake на BMW многумина ќе потсети на Z3 M Coupe, автомобил кој и денес има посебен статус. Освен дизајнот, нема други изненадувања. Основата е Z4 M40i, што во превод значи дека се придвижува од линиски бензински мотор со шест цилиндри.

Покрај новиот покрив, автомобилот доби уникатни бандажи од 20 инчи напред и поголем број назад. Направени се мали промени на „бубрезите“, а за соодветниот впечаток на луксуз се погрижи италијанската куќа Poltrona Frau, која ја прекри кабината со двобојна кожа.

И сега најинтересното – шефот за дизајн на BMW, Адријан ван Хујдонк (Adrian van Hooydonk ), ја остава отворена опцијата за производство, пренесуваат онформативните агенции. „ Ова Concept Touring Coupe е моментално е уникатен, примерок. И нема конкретни планови да се пушти во производство. Но, се договоривме пред да „пловиме“ за езерото Комо дека ако има доволно интерес, ќе го разгледаме. Може да биде многу мала серија, можеби педесет автомобили“, рече ван Хујдонк