19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

BMW Power BEV „Петка“со 720 KS на струја!

Најчитани вести

Со еден електромотор напред и со два инсталирани назад, со вкупна моќ од 530,/720 kW/КЅ и вртежен момент од 1150 Nm, од место до „стотка“ спринтира за само 2,9 секунди и тоа на еколошки прифатлив начин, навистина што друго да се рече освен „вау“…

Какви се можностите на чисто електричниот погон, покажува BMW Power BEV, на актуелната Seriеѕ 5– навиен со висок набој на електрична сила со помош на три електромотори.

На прашањето зошто со три електрични мотори?  Одговорот е затоа што едниот преку диференцијал ги задвижува тркалата на предната оска, a назад се вградени два електромотора, за секое тркало од задната оска по еден, преку посебно погонско вратило со два хомокинетилки зглоба.

Таа технологија овозможува, практично, неограничена можност на варијанти, на генерирање на моментот и на силата на секое тркало, што го создава нивниот сооднос и ефект на векторирање на силата.

Но, внимавајте, тоа не е векторирање на на сила, што се постигнува со активен диференцијал, туку генерирање на секое тркало посебно.

Можностите на регулацијата се исто така подобри, но нема механичка, сигурносна, редунданција.

Како и да е, BMW Power BEV, со “паметниот“ електричен погон 4×4 нуди фантастични перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за само 2,9 секунди и динамичка стабилност подобра одошто се добива со обичен погон.

Предвидени се повеќе опции на литиум – јонски батериски системи, со досег до 500 km.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com